РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на мини-подготовки во Струмица, во чии рамки одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

ФОТО: ФФМ

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележаа победи со идентичен резултат од 2:1, со што испратија охрабрувачка најава пред квалификацискиот турнир што ги очекува следната година.

„Овие натпревари ги искористивме за воигрување на екипата, бидејќи во март следната година не очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство. За дуелите со Црна Гора сметав на 25 фудбалери и сите добија можност за настап, што за стручниот штаб беше одлична шанса да видиме со каков потенцијал располагаме и на кои сегменти треба дополнително да работиме“, изјави Капинковски.

Предводникот на младата селекција истакна дека е задоволен од ангажманот и посветеноста на играчите, што, според него, се потврдува и со резултатите остварени на теренот на комплексот „Горан Пандев“ во Струмица.

„Фудбалерите максимално ја искористија можноста да тренираат и да настапуваат заедно. Задоволен сум од нивниот пристап, залагањето на тренинзите и дисциплината на натпреварите. Сметам дека оваа генерација поседува сериозен потенцијал и доколку продолжи да работи со ист интензитет, со поддршка од клубовите, може да очекуваме добри резултати во иднина“, додаде селекторот.

Оваа генерација на почетокот од следната година ја очекува силен квалификациски турнир, кој ќе претставува вистински тест за можностите на младите македонски фудбалери.

„Целосно сме фокусирани на квалификациите што ќе се одржат во март. Покрај домаќинот Холандија, наши противници ќе бидат и селекциите на Фарските Острови и Молдавија. До тогаш ќе се обидеме да организираме уште еден собир и дополнителен контролен натпревар, со цел што подобро да се подготвиме за главниот предизвик“, заклучи Капинковски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!