Турнири

Марио Благојевски и Горан Коцевски го најавуваат турнирот во Ораовица – пријавите се во тек!

Сподели
Сподели

Се поблиску е стартот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Ораовица 2025“, кој ќе се одржи по повод големиот празник Илинден. Турнирот важи за еден од најпрестижните и најдобрo организирани во земјава, а тоа го потврдуваат и самите играчи кои со години се дел од ова спортско случување.

Горан Коцевски, еден од играчите што во минатите изданија оставија силен впечаток.

„Овој турнир секогаш носи посебна енергија – одлична организација, силна конкуренција и уште подобра публика. За нас играчите, ваков турнир е повеќе од игра – тоа е прилика да се дружиме и да покажеме што знаеме на теренот. Очекувам возбудлив турнир, со квалитетни екипи и фер игра. Се надевам дека ќе покажеме добра игра со мојата екипа и ќе ја одбраниме титулата. Им посакувам среќа на сите екипи – нека победи најдобриот.“

И додека екипите активно се подготвуваат, пријавувањето за турнирот е во тек и трае до 14 јули. За сите што сакаат да бидат дел од оваа спортска приказна, котизацијата за учество изнесува 4.000 денари. Турнирот ќе започне на 15 јули, а финалето ќе се одигра на 2 август, на самиот ден на Илинден.

Оваа година повторно е обезбеден висок награден фонд од 325.000 денари:

Прво место – 180.000 денари

Второ место – 85.000 денари

Трето место – 40.000 денари

Четврто место – 20.000 денари

Свој впечаток сподели и Марио Благојевски, долгогодишен учесник и добитник на наградата за најдобар играч:

„Со играње фудбал почнав од мал, прво со голем фудбал потоа и како футсал играч. За турнирот во Ораовица сакам да кажам дека е еден од подобрите организирани турнири во Македонија како финансиски така и организациски. Организацијата секогаш била фер, коректна и излегла во пресрет како на мојата екипа така и на останатите натпреварувачки екипи. Турнирот го имам освоено неколку пати, меѓу кои една година ја понесов наградата за најдобар играч на турнирот. Атмосферата на трибините е одлична, поготово во нокаут фазата, се надевам дека оваа година заедно со мојата екипа ќе изиграме фудбал на највисоко ниво и секако дека целта ни е освојување на турнирот.“

Дополнително, организаторите отворија категории и за пионерски тимови:

Родени 2010–2013

Родени 2014–2018

За пријавување, екипите може да се јават на:

078 433 987

071 250 418

072 595 863

Спортска Мрежа годинава за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, што значи дека публиката ќе добие професионално покривање на натпреварите, резултатите и најинтересните моменти од секоја вечер.

Организатор на турнирот е ФК Изведен, со поддршка од Општина Радовиш како генерален покровител.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата...

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!