Турнири

Радовишани вечерва ги „искинаа“ мрежите на „Стојаково 2025“ тотална доминација на Порта ЕУ Фреит Оне

Сподели
Сподели

Тимот на Порта ЕУ Фреит Оне вечерва забележа две големи победи една по друга на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“. Радовишани на првиот меч со 11:4 го декласираа Тобако Лени, тим кој беше инфериорен противник да го запре налетот на Порта ЕУ Фреит Оне.

Веќе во вториот меч тимот од Радовиш забележа уште една победа, овој пат потесна, но одново сигурна. Порта ЕУ Фреит Оне славеше со 5:3 над Пролетер од Стојаково.

Кај јуниорите во генерација 2012/2023 екипата на Кирил и Методиј со 1:6 загуби од Уни Глобал, а пак мечот меѓу Mild Home Store и Vibe Bar од генерација 2010/2011 заврши без победник со по еден гол (1:1).

Утре на програмата се четири натпревари. Кај јуниорите генерација 2016/2017 од 18 часот Жика од Стојаково против МК Гевгелија, пола саат подоцна Џокер Фурка против Џоко Чона од Гевгелија меч од генерација 2012/2013.


Кај сениорите од 19 часот екипата на Кафе Бар Проект од Јосифово оди на мегдан против Десива Транспорт од Богданци, додека пак од 19:45 часот Баламов Компани од Негорци ќе игра со Електро Петар од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Муарем: Вардар е лидер и се бори за шампионската титула, но и ние имаме своја цел

Работнички по поразот од Шкендија (0-3) е пред нов голем предизвик. Во 27.коло ќе ги одмери силите со лидерот на табелата Вардар на...

Прва лигаФудбал

Васоски: Фаворитската улога на хартија треба да ја оправдаме и на терен

После серијата на две победи по ред, Силекс денеска оди на трет триумф во низа во денешниот дуел против Башкими. Од таборот на...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Радовиш утрово стана центар на младинскиот фудбал – стартуваше „Велигденски турнир 2026“

Радовиш утрово официјално влезе во фудбалски ритам, откако на Градскиот стадион започна...

Турнири

Четири причини зошто да пријавите екипа на „Охрид Куп 2026“

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ веќе привлекува голем интерес кај клубовите,...

Турнири

Голем интерес за ОХРИД КУП 2026 – пријавите се отворени за новиот детски фудбалски спектакл

Интересот за првото издание на меѓународниот младински турнир „Охрид Куп 2026“ е...

Турнири

Спортска Мрежа официјален медиумски покровител на Охрид Куп 2026

Спортскиот портал Спортска Мрежа и официјално ќе биде медиумски покровител на новиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!