ФудбалЧетврта лига

Кул Здравје непоразен есенски шампион во ОФЛ Кисела Вода и Аеродорм

Сподели
Сподели

Екипата на Кул Здравје е есенски шампион во Општинската фудбалска лига во Кисела Вода и Аеродром или Четврта лига по ранг на натпреварување со фантастична есен, откако двата Општински фудбалски сојузи решија да се натпреваруваат во една лига.

Тимот зад себе има одиграно осум натпревари со учинок од седум победи и едно реми, единствен непоразен тим и на своето конто има 22 бодови, три повеќе од некогашниот третолигаш ССК Нова, а пак на третото место е Победа со ист број на бодови односно 19.

Овие три екипи ќе ја водат пролетната битка за влез во Третата македонска фудбалска лига.

Според информациите на Спортска Мрежа непоразениот есенски шампион Кул Здравје има цврсти планови да се обезбеди место во третолигашкото друштво за следната сезона 2026/2027.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ КИСЕЛА ВОДА И АЕРОДРОМ
Место Екипа ОН По Н Пор ПОС ПРИ ГЛ Бод
1 Ф.К. КУЛ ЗДРАВЈЕ 8 7 1 0 31 13 +18 22
2 Ф.К. ССК НОВА 8 6 1 1 31 8 +23 19
3 Ф.К. ПОБЕДА 8 6 1 1 34 11 +23 19
4 Ф.К. ТЕКСТИЛЕЦ 8 4 0 4 25 13 +12 12
5 Ф.К. СЛАВИЈА ПРЖИНО 7 3 1 3 14 14 0 10
6 Ф.К. СЛОБОДЕН 7 3 0 3 32 14 +18 9
7 Ф.К. ЗЕЛЕНИКОВО 7 2 0 5 18 23 -5 6
8 Ф.К. ВАРДАР 75 7 1 0 6 8 45 -37 3
9 Ф.К. ССК МЛАДИНЕЦ 8 0 0 7 5 47 -42 0


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!