РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ формираше репрезентација до 20 години – Таневски назначен за селектор!

Сподели
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок  донесе одлука да го назначи Александар Таневски за селектор на новоформираната македонска репрезентација до 20 години.

Таневски зад себе има богато тренерско искуство, со 196 официјални натпревари како шеф на стручниот штаб во Првата и Втората лига во изминатите осум сезони.

Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, каде обезбеди промоција во Првата лига, а истиот успех го повтори и со Македонија ЃП, клуб со кој стигна до финалето на Купот на Македонија и избори настап во европските квалификации. Работеше и во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса, каде со екипата од Добри Дол стана шампион во ВМФЛ и обезбеди историски влез за клубот во Прва лига.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!