Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако пукна „петарда“ славејќи со 5:0 над тимот на Дизел Кале Тобако Марија.

Тотална доминација на Млаз од самиот почеток до самиот крај, а публиката проследи доминантен меч.

Во јуниорска конкуренција Бригада 12 со 5:1 го доби Фабела Бојс во генерација 2010/2011, додека пак кај генерација 2014/2015 Кико Кидс со 3:1 го доби Дроне Транспорт.

Во вторник одново програмата ќе понуди четири натпревари. Во 18 часот јуниори генерација 2012/2013 Кирил и Методиј против Уни Глобал, од 18:30 часот Mild Home Store против Vibe Bar, а пак од 19 часот започнуваат натпреварите кај сениорите.

Радовишани одново ќе одиграат два натпревари нивниот тим Порта ЕУ – Фреит Оне ќе игра со Тобако Лени од 19 часот, а 45 минути подоцна одат на мегдан со домаќинот Пролетер од Стојаково.

Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!