Фудбал

Емил Божиновски седнува на чело на судискиот одбор на ФФМ!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денес донесе одлука за кадровски промени во судискиот оддел, при што Емил Божиновски е именуван за нов претседател на судискиот одбор.

На оваа функција Божиновски ќе го наследи Александар Ставрев, кој досега ја извршуваше таа должност. Покрај промената на чело на одборот, доаѓа до уште една измена – Јосип Бартон влегува во судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.

Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија со богато меѓународно искуство. Како долгогодишен интернационален арбитар, има судено натпревари од највисок ранг – во Лигата на шампионите, Лига Европа и во квалификациите за Европски и Светски првенства.

По завршувањето на активната судиска кариера, работеше како контролор на судење под капата на УЕФА и ФИФА. Во ФФМ, веќе има извршувано значајни функции – беше претседател на судиската комисија, одговорен за развојот и едукацијата на судиите, организација на семинари и примена на нови технологии.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!