Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Сподели
ФОТО: РК Вардар 1961
Сподели

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и ќе биде важен дел од тимот во продолжението на сезоната.

Искусниот ракометар, роден 1994 година, ќе потпише договор со вардарци со важност до јуни 2028 година, со што клубот добива стабилно и долгорочно решение во бековската линија. Иако неговата примарна позиција е среден бек, Да Силва може подеднакво успешно да одговори и на задачите на левата и десната бековска позиција, што значително ќе ја зголеми тактичката флексибилност на тимот.

Бразилецот во Скопје пристигнува од српска Војводина, каде што настапуваше во изминатите сезони, а зад себе има и богато европско искуство, играјќи за клубови како Бенфика, Шамбери, Адемар Леон, Анхел Хименез и Динамо Букурешт. Со својата брзина на одлука, добрата соработка со линијата и изразеното чувство за игра „два на два“, Да Силва се очекува да донесе дополнителна разновидност и креативност во нападот на Вардар.

Неговото доаѓање се вклопува во амбициите на клубот за силна пролет, во која вардарци ги очекуваат настапите во главната фаза на Лигата на Европа, како и клучните натпревари од плеј-офот во домашната Суперлига. Да Силва се очекува да му се стави на располагање на стручниот штаб веднаш по стартот на зимските подготовки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!