Турнири

Еклектик и Freight One доминантни – познати полуфиналните двојки на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Спортскиот терен во Чифлик Маало синоќа беше сцена на вистински спектакл! Вториот четвртфинален ден на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ понуди фудбал од највисоко ниво, многу голови и два убедливи победници.

Еклектик продолжи со импресивна форма и ја декласираше екипата на Але Дар Премиум со убедливи 9:2, при што демонстрираше целосна контрола на играта од прва до последна минута. Тимот оди во полуфинале со статус на еден од главните фаворити.

Во дербито на вечерта, Freight One беше далеку подобар противник и го совлада Хотел Истатов со 5:1, во натпревар кој го потврди квалитетот и тимската хемија на екипата која до овој момент игра беспрекорно.

Младински категории – драма и голови во полуфиналето

КХМ Валандово го елиминираше Хотел Горан Пандев по пенали (2:2, 2:3 пенали), во драматичен меч полн со борба и емоции.

Термо Оранжерии го совлада Ривали со 4:2 во натпревар со одлично темпо и многу креативност на теренот.

  • Најава за ВТОРНИК – полуфинале (сениори) и финале (младинци)

20:00 | Финале генерација 2016/2017

Брера 1 – ЖФК Тиверија

Меч кој најавува неизвесност, борба и многу младинска енергија.

20:40 | Финале генерација 2013/2014

Пица Делиција – Јанг Бојс

Две од најдобрите детски екипи на турнирот – ова ќе биде вистински спектакл за публиката.

  • СЕНИОРИ – ПОЛУФИНАЛЕ

21:30 | Украс ИНГ (Неготино) – Пица Ресторан Дивино (Босилово)

Украс ИНГ има импресивна гол-разлика, но Дивино веќе покажа карактер и смиреност кога е најважно. Меч со голем влог и многу тензија.

22:30 | Еклектик – Freight One

Дуел на два најформални тима на турнирот! Ова може да биде финале пред финалето. Се очекува фудбал со висок интензитет, технички потези и публика на нозе.

Победниците вечерва ќе обезбедат пласман во ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ, за кое веќе владее еуфорија во Струмица и пошироко.

Следете ја целата завршница ексклузивно на Спортска Мрежа, со резултати во живо, фото и видео-содржини, извештаи и анализа од секоја вечер!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата...

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!