Останато

Тетово домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарската федерација на Македонија, во соработка со општина Тетово, од 25 до 27 Јуни ќе организираат БВА Балкански шампионат во одбојка на песок за играчи и играчки до 22 години, кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово.

На ова натпреварување ќе учествуваат осум машки и седум женски екипи од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија, претставувајќи вистинска летна атракција за сите љубители на одбојката.

Според програмата, утре и во четврток претпладне ќе се одржат прелиминарните натпревари, додека четврток попладне се планирани елиминациите. Петок е резервиран за финалните натпревари и доделувањето на медалите.

Одбојкарската федерација и општина Тетово како технички организатори го прилагодија градскиот плоштад во Тетово во специјален терен за одбојка на песок, кој во наредните три дена ќе биде центар на спортските возбудувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!