Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Билјанини Извори претстави ново засилување – промовирана Мелани Крстовска

Сподели
Сподели

ЖФК Билјанини Извори од Охрид активно продолжува со градењето на ростерот за новата сезона откако клубот го претстави своето трето летно засилување.

Се работи за Мелани Крстовска која во охридскиот второлигаш доаѓа од Плачковица од Радовиш.

17-годишната Крстовска кариерата ја започна во Плачковица и настапуваше од септември 2021 до август 2023 година, кога премина во редовите на Тиверија Брера од Струмица, но тука се задржа само една година, од септември 2023 до август 2024 година, по што одново се врати во радовишка Плачковица.

ЖФК Билјанини Извори ја претстави Мелани како талентирана фудбалерка со борбеност на терен и треба да донесе свежа и нова енергија во тимот кој ќе цели кон освојување на првото место и враќање во Првата женска фудбалска лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, ЖФК Билјанини Извори претходно се засили со искусната Јана Ацковска, која доаѓа од редовите на второлигашот Слободен каде беше капитен, како и со Ивана Николовска, која доаѓа од редовите на Топ Гол.

Раководството на клубот од Охрид продолжува со градењето на ростерот за новата сезона, а според информациите на Спортска Мрежа, ЖФК Билјанини Извори во следниот период ќе промовира квалитетни засилувања со кои ќе биде меѓу првите фаворити за шампионскиот пехар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!