Турнири

„Црнилиште Куп 2025“: Фенербахче вечерва ги „искина“ мрежите со три победи во низа и постигнати 13 гола!

Сподели
Сподели

Вечерва публиката на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“ уживаше во шоуто кое го приреди екипата на Фенербахче, славејќи на три меча во низа.

Во првиот меч екипата на Фенербахче буквално ја „искина“ мрежата откако со 7:2 го декласираше тимот на Македонска Куќа Лаки, буквално тимот на Фенербахче беше незапирлив.

Во вториот меч тимот на Фенербахче со 2:1 го доби тимот на Пелагонија Трап, и веднаш тимот на Фенербахче го одигра третиот меч и истиот го доби со убедливи 4:1 против Родеденски Пињата.

Противниците немаат капацитет да го запрат налетот на искусниот тим на Фенербахче составен од Зоран Левески, Стефан Димовски, Виктор Диков, Марио Благојевски, Изејроски…

Во четвртиот меч екипата на Пелагонија Трап доживеа нов пораз од минимални 0:1 од екипата на Родеденски Пињата.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Дим Метал ги „меле“ противниците – високи победи над Електро Петар и Такси Ага

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ одново беа постигнати рекордни погодоци, а салата пак беше полна со публика која даваше поддршка...

Останато

ВИДЕО: Алијанц Милано премногу моќен за македонскиот вицешампион Штип УГД

Вечерва во СРЦ „25 Мај“ италијанскиот гигант Алијанц Милано во моќно издание го доби македонскиот вицешампион Штип УГД со 3-0 во сетови, во...

Поврзани написи
Турнири

Дим Метал ги „меле“ противниците – високи победи над Електро Петар и Такси Ага

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ одново беа постигнати рекордни...

Турнири

Порта ЕУ Freight One со два меча против Лион и Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва, четврток на програмата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе...

Турнири

Илинден 2007 и Алупласт Јосифово прокнижија победи на “Стојаково 2025”

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!