Ракомет

Нови потписи и продолжени соработки – шампионот ЖРК Ѓорче Петров се подготвува за новата сезона!

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петорв
Сподели

Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров за новата сезона го крои тимот со тоа што претстави неколку нови ракометарки, а притоа ја продолжи соработката со неколку ракометарки.

Како прво засилување шампионот ја престави Анастасија Трпеска, младинска репрезентативка, која после две сезони минати во Металург Автокоманда, се враќа во Ѓорче Петров, каде што има настапувано за младинските категории.

19-годишната Трпеска игра на позицијата пивот и е дел од поширокиот список кај селекторот Симовски, за подготовките за настап на младинското Европско Првенство.

Шампионот го комплетираше пивотменското трио – Катерина Дамјаноска, Ива Велкова и Анастасија Трпеска. Трите девојки се на репрезентативниот список на Македонија.

На голманската позиција Ѓорче Петров ја задржи бразилката Флавиа Лима Габина, која го продолжи договорот со македонскиот шампион, а дополнително „лавиците“ ја промовираа репрезентативката Марија Јовановска од Куманово меѓу стативите.

„Лавиците“ го продолжи договорот со македонската репрезентативка Емилијана Ризоска, која игра на левата крилна позиција, а ново засилување ќе биде левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, која доаѓа од редовите на Чаир.


Шампионот се засили со сестрите Борјана и Бојана Коцева, двете репрезентативки во пакет доаѓаат од редовите на Металург Автокоманда.

Бојана игра на позицијата среден бек, додека Борјана на сите три бековски позиции.

Последно засилување во редовите на ЖРК Ѓорче Петров е 22-годишната бугарска репрезентативка Стефани Пламен Петрова, која доаѓа од шпанскиот тим Маравиња, а потекнува од бугарскиот тим АРХГ Габрово. Петрова игра на позицијата лев бек, и има настапи за кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Бугарија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!