Прва лигаФудбал

Мартин Мирчевски е нов напаѓач на Силекс

Сподели
Сподели

Вицешампионот Силекс го крои тимот за следната сезона во Првата лига, но и за европското лето. Откако тимот од Кратово го претстави босанскиот интернационалец Миљан Говедарица, португалскиот интернационалец Мигуел Пиреш, а ја продолжи соработката со браќата Љупче и Ѓорѓе Џеков пристигна уште едно засилувања.

Се работи за 28-годишниот напаѓач Мартин Мирчевски, кој во Кратово доаѓа од редовите на Железничар од Сараево, Босна и Херцеговина.

Низ својата кариера Мирчевски настапуваше за Пелистер, Победа, Беласица, Вардар, Брера Струмица на домашната сцена, во странство беше дел од Трепча од Косово, ТСЦ Бачка Топола во Србија и последно Железничар од БиХ од каде доаѓа во кратовски Силекс.

Силекс ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако на домашен терен со 9:3 ја декласираа прилепска Победа во дуел...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во рамките на 6. коло...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!