Трета лигаФудбал

Борис Бимбилоски: Кога сонот станува реалност, клубот кој е длабоко врежан во моето срце!

Сподели
Сподели

Третолигашот Света Троица 2021 од Охрид беше дебитант во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, сезоната ја заврши на деветтото место со 22 бодови на своето конто, а клубот за новата сезона ќе крои планови за подобар пласман и поголеми успеси.

Дебитантот од Охрид зад себе има успешна сезона, а за следната сезона ќе добие и свој терен кој е лоциран кај поранешната касарна во Охрид, што е потврда дека клубот размислува на долгорочна основа.

Тренерот на клубот, Борис Бимбилоски најавува дека следната сезона ќе одат посилно!

„Кога сонот станува реалност, клубот кој е длабоко врежан во моето срце. Ви благодарам дечки за се, следната сезона одиме посилно“, рече Бимбилоски.

Света Троица 2021 во сезоната која заврши имаше учинок од пет победи, седум ремија и девет порази.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 ја совлада Брера Струмица....

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која и натаму нема победа на гостински терен во досегашните 10 кола....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска...

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која...

Прва лигаФудбал

Џемаили: Арсими сака три бода во дуелот со Брегалница

Арсими ги продолжува подготовките за следниот првенствен натпревар против Брегалница, средба која...

Прва лигаФудбал

Јахја: Во Кавадарци одиме со јасна цел — да се вратиме со бодови

Екипата на Башкими денес ќе гостува во Кавадарци, во рамките на 11-тото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!