Вечерва продолжуваа фудбалските возбудувања на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ со два натпревари од четвртфиналните пресметки.
Во првиот меч со почеток од 20:30 часот Кафе Бар 9 ќе се соочи со Студио 13, додека пак вториот меч ќе биде дерби пресметка која буди огромен интерес кај публиката, соочување на Станица и Викса Пром против Инекс Олгица, со почеток од 21:30 часот.
Утре, исто така ќе се одиграат два натпревари од четвртфиналето. Од 20:30 часот АСП Пак во дерби соочување со Аце Најдески, а пак од 21:30 часот нов возбудлив натпревар Сатеска на мегдан против Бел Мерцедес.
Осумте најдобри екипи ќе се борат за влез во полуфиналето, место има за четири, првите две вечерва ќе ги чекираат билетите, а останатите две екипи ќе бидат познати утре.
Спортска Мрежа со години е медиумски покровител на овој спортски настан, нашата соработка е симбол за успешна соработка меѓу двете страни, а ние максимално го поддржуваме овој спортски настан.