Втора лигаФудбал

Играчи на Вардар Неготино изразуваат револт поради неисплатени плати во втората полусезона!

Сподели
Сподели

Фудбалерите на второлигашот Вардар Неготино со револт поради неисплатените плати во втората полусезона односно пролетниот дел.

Како што се вели во соопштението објавено на страната на навивачката група „Винари Неготино“, на фудбалерите им била исплатена една од вкупно пет плати, а фудбалерите имаат поддршка од навивачката група „Винари Неготино“.

„Ние играчите на ГФК Вардар Неготино изразуваме револт кон управата и градоначалникот поради неисплатени плати во втората полусезона, исплатена една од вкупно 5 плати, како и дел од премиите кој ни беа ветени од минатата сезона. Со овој повик сакаме да биде запознаена јавноста во Неготино околу ситуација во клубот. Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност од горе наведените“, се вели во соопштението објавено на профилот на социјлната мрежа фејсбук на „Винари Неготино“.

Ова е вторпат јавно фудбалерите да ги бараат своите заостанати плати. На почетокот од месец мај фудбалерите јавно излегоа и бараа исплата на заостанатите плати, а сега одново ги бараат платите за втората полусезона.

Екипата на Вардар Неготино во самиот финиш од сезоната го обезбеди директниот опстанок во Втората лига и ќе игра и следната сезона во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Еврогол и хет-трик на 15-годишната Лана Спасовска – голманката на Кочани немоќна!

Екипата на Речица со убедливи 5:1 го совлада Кочани во рамките на 7. коло од Првата женска фудбалска лига и стигна до првата...

КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција. Спортска Мрежа претходно ги објави двојките, но и судиите кои ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!