ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Победа од Пепелиште до двојна круна – шампион во ОФЛ Неготино и освоен Купот на ОФС Неготино!

Сподели
Сподели

Екипата на Победа од Пепелиште успешно ја заврши сезоната во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Неготино, откако тимот ја освои двојната круна.

Тимот стана шампион во ОФЛ Неготино низ доминантна сезона со учинок од осум победи и две нерешени средби, а притоа имаше најуспешен напад кој постигнал 36 погодоци, а примил шест гола, со освоени 26 бодови на своето конто.

Зад шампионот од Пепелиште заврши екината на Напредок од Војшанци со 19 бодови, а пак Вардар Бистринци беше трет со 18 бодови на своето конто.

Во однос на листата на најдобри стрелци Драган Спасиќ од Вардар Бистренци има постигна 13 погодоци, а пак Дејан Усинов од екипата на Победа имаше 12 погодоци, а беа постигнати и два автоголови.

Во финалето од КУпот на ОФС Неготино екипата на Победа од Пепелиште со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Напредок од Војшанци и така ја освои и Куп титулата на ОФС Неготино, а со тоа екипат од Пепелиште стекнува право да учествува и во Купот на Македонија.

Најдобриот стрелец на Победа уште во 6. минута постигна гол за 1:0, а веќе во 13. минута резултатот беше 2:0 со голот на Назми Ализотов, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел беа постигнати четири погодоци. Реџеп Амков беше двоен стрелец, а еден гол постигна Виктор Аризанов за Победа, а за екипата на Напредок единствен стрелец беше Тане Анѓеловски.

Дополнителен хендикеп за Напредок беше тоа што од 60. минута играше со играч помалку на теренот откако Симеон Ѓорѓиев доби директен црвен картон.

Дејан Усинов од екипата на Победа Пепелиште беше прогласен за најдобар играч.


 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!