Прва лигаФудбал

ФФМ одржа работен состанок со клубовите за имплементација на ВАР системот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ одржа работен состанок со претставници од клубовите назначени како ВАР референтни лица. На состанокот беше презентирана целокупната процедура за имплементација на ВАР системот, како и обврските кои ги преземаат клубовите за успешно интегрирање на технологијата.

Претставниците на клубовите беа запознаени со техничките барања кои се неопходни за функционирање на ВАР, меѓу кои се: поставување на платформи за ВАР камери, обезбедување приклучоци за електрична енергија и интернет конекција, олеснет пристап за репортажни возила и друга логистичка поддршка.

ФФМ ќе изврши теренски посети на стадионите на сите прволигашки клубови, со цел дефинирање на барањата на секој од клубовите и кординација за навремена адаптација  кон ВАР стандардите.

„Од страна на ФФМ, детално ни беше претставено и презентирано што треба да се исполни за навремено и согласно стандардите на ФИФА да исполнат клубовите за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Проектот е голем чекор за фудбалот во нашата држава и сметам дека со ВАР ќе се подобри квалитетот на фудбалот, што е во интерес како на клубовите, така и на ФФМ. Како клубови ќе дадеме сè од себе да функционира најдобро што може и се надеваме дека релативно брзо ќе се адаптираме на процесот“, рече Александра Терзиски, претставничка на клубовите Брера и Беласица.


„Ви честитам за состанокот и организацијата, како и за започнувањето на имплементацијата на ВАР системот. Вашите идеи, сугестии и професионален пристап придонесоа за квалитетна дискусија и зацврстување на насоките за понатамошна реализација на проектот. Со заеднички напори веруваме дека успешно ќе го имплементираме системот во согласност со највисоките стандарди“, рече претставникот на ФК Шкендија, Дритан Муслиу.

Имплементацијата на ВАР е дел од стратешките активности на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура и унапредување на регуларноста и фер-плејот во натпреварите. Процесот се реализира во партнерство со меѓународни експерти и согласно со највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!