ИнтернационалциФудбал

Вујадин Станојковиќ се враќа во Партизан!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ се враќа во клубот каде што оствари значајни успеси во својата кариера — српскиот гигант Партизан.

Шеесет и еден годишниот кумановец ќе биде дел од новото собрание на белградските „црно-бели“, чиа седница е закажана за 2 јуни. Станојковиќ ќе биде едно од бројните звучни имиња што ќе влезат во новата структура на клубот, кој настојува да ја врати традицијата и кредибилитетот преку ангажирање на поранешни фудбалери.

Како играч на Партизан, Станојковиќ настапуваше во периодот од 1989 до 1993 година, притоа запишувајќи 110 официјални настапи и оставајќи длабока трага во историјата на клубот. Беше дел од репрезентацијата на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Македонија, го носеше и дресот на македонската репрезентација.

Во изминатите години, Станојковиќ работеше како селектор на младинските репрезентации на Македонија, каде со своето искуство активно придонесуваше за развојот на млади фудбалски таленти.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

„Калинкарите“ го добија дербито на Југот, реми на дербито меѓу Саса и Овче Поле, Тиверија не се појави во Берово

Големото дерби на 3. коло на Трета лига регион 3 во Македонска Каменица меѓу двата главни конкуренти за првото место заврши без победник,...

Трета лигаФудбал

Влазерими со убедлива победа против Чардак, Могила ремизираше во Ресен, Влазними со висок пораз

Третото коло во Трета лига регион 5 донесе голем број на погодоци на сите натпревари, а најголема победа имаше Влазерими Јуниор од Кичево,...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!