Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен четврти пат по ред шампион на Македонија – нова двојна круна за тетовскиот клуб!

Сподели
Сподели

Тетовски Љуботен продолжува да доминира во женскиот фудбал – клубот и во сезоната 2024/2025 успеа да ја одбрани титулата и по четврти пат во низа стана шампион на Македонија во Првата женска фудбалска лига.

На едно коло до крајот, Љуботен во рамки на 26. коло славеше како гостин со 0:2 против Каменица Саса, со што и математички ја завери титулата. Екатерин Фролова уште во петтата минута донесе водство, а Елена Симјанова во вториот дел го постави конечниот резултат за ново славје на шампионот.

Со оваа победа, Љуботен ја комплетираше новата двојна круна, откако претходно триумфираше и во Купот на Македонија со победата од 3:0 над Тиверија Брера.

Ова е четврта последователна титула за Љуботен (2021/22, 2022/23, 2023/24 и 2024/25), со што се израмни со Драгон, кој има исто толку шампионски круни. На врвот на вечната табела и натаму останува Шкипоњат со пет титули, освоени во периодот од 2003 до 2008 година.

Љуботен со секоја сезона го зацврстува своето место меѓу најуспешните женски клубови во македонскиот фудбал, а воедно и најавува уште поголеми амбиции за иднината. Љуботен ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!