ФудбалФутсал

Познати сите учесници во Првата футсал лига за сезоната 2025/2026

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

Футсал елитата на Македонија ќе брои десет екипи и во натпреварувачката сезона 2025/2026. Стана познато кои клубови ќе бидат дел од Првата футсал лига, а шампионот Форца ќе ја брани двојната круна освоена во изминатата сезона.

Покрај актуелниот првак и освојувач на Купот, Форца, во најсилната футсал конкуренција ќе настапуваат и тимовите: Клими, Проект, Осогово, Шкупи, Кеги Моби, Јувентус Серава и Бутел.

Новитети во прволигашкото друштво се Мал Ајакс од Штип и Балкан – двете екипи кои обезбедија промоција преку Втората футсал лига и ќе ги заменат испаднатите Железарец и Црна Река.

Останува да се одиграат уште последните две кола од Втората футсал лига со што официјално ќе се заокружи футсал сезоната во Македонија, а вниманието потоа ќе се префрли кон подготовките за новото првенство, кое се очекува да стартува наесен, како и квалификациите во Лигата на шампиони кои ќе ги игра Форца.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!