Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Цветановски ѝ даде гол на Беласица, за младиот талент кој потекнува од Кул Здравје има голем интерес!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Кул Здравје важи за голем расадник на фудбалски таленти во Македонија, за што Спортска Мрежа веќе објави за големите успеси кои ги има клубот во тековната сезона.

Од ФК Кул Здравје произлегуваат голем број на фудбалски таленти кои имаат успешни кариери, дома и во странство, а еден од нив е 20-годишниот Матеј Цветеновски, кој во рамки на претпоследното 29. коло на Втората лига, во Струмица постигна гол за 1:1 против Беласица и благодарение на неговиот гол Борец дојде до бод.

Тој произлегува од ФК Кул Здравје, беше дел од Вардар, а потоа и во Беласица, по што премина во редовите на Борец. Цветановски во саботата всушност погоди против својот поранешен клуб.

  • ГООТ НА МАТЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ ПРОТИВ БЕЛАСИЦА ВО СТРУМИЦА:

Цветановски е на радарот на други екипи и во летниот преоден рок на неговата адреса ќе пристигаат понуди од други екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!