КупФудбал

Влојца Изеири ќе ја дели правдата на женското финале од Купот на Македонија меѓу Љуботен и Тиверија Брера

Сподели
Сподели

Утре ќе биде одиграно финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција меѓу Љуботен и Тиверија Брера. Финалниот меч ќе биде одигран на теренот на ФФМ со почеток од 14:00 часот.

Познати се официјалните лица кои се делегирани да ја делат правдата на финалниот меч.

Главен судија на натпреварот ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар, ќе и помагаат Елена Соклевска Илиевски од Скопје и Ангела Домазетовска од Битола.

За четврт судија на финалето меѓу Љуботен и Тиверија Брера е делегирана Ангела Рајчевска од Скопје.

Делегат на натпреварот ќе биде Фијат Шате од Струга, а пак контролор Зоранчо Темелков од Кавадарци. Комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Славко Дукоски.

Љуботен е бранител на Куп-титулата, а Тиверија Брера сака Куп-титула.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!