Младински фудбалФудбал

Тотална доминација на ФК Кул Здравје – потврда дека клубот е вистински расадник на млади фудбалски таленти!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Кул Здравје од Скопје ја потврдува својата доминација во младинските категории, посебно во категоријата помлади пионери. Тимот е лидер во Третата младинска лига – помлади пионери, Лига Б, а на 20 мај ќе одигра финален меч за севкупен првак против екипата на Каменица Саса, која го освои првото место во Лига А.

По натпреварот ќе следи свечено доделување на пехар од страна на официјален претставник на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Кул Здравје ја заврши сезоната во Лига Б со импресивен биланс: 17 победи и само еден пораз, освојувајќи 51 бод. Тимот го има најдобриот напад во лигата со постигнати 75 гола и најдобрата одбрана со само осум примени погодоци – апсолутна доминација во текот на целата сезона.

Во Регионалната скопска лига 2010 (петлиња), А екипата на Кул Здравје е непоразена со 17 победи и едно реми (вкупно 52 бодови). Постигнати се 82 гола, а примени само девет, што е уште една потврда за квалитетната работа и одличната селекција на млади фудбалери.


Кул Здравје е на врвот и во Регионалната скопска лига 2010 (помали петлиња), со учинок од 14 победи, две ремија и еден пораз. Екипата има 44 бодови, постигнати 52 гола и само осум примени – најдобра одбрана во лигата.

Во Третата младинска лига – пионери, Лига Б, Кул Здравје го зазема третото место со 30 бодови и учинок од девет победи, три ремија и шест порази. Постигнати се 41 гол, а примени 20, што го поставува тимот и тука меѓу најдобрите според гол-разлика.

Сè на сè, ФК Кул Здравје ја потврдува својата улога како еден од најперспективните клубови за развој на млади фудбалери во земјава.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!