Втора лигаФудбал

Охрид нема право на грешка, Башкими оди по три бода на „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

После долгата пауза второлигашите денес ги продолжуваат натпреварите, а на програмата ќе бидат мечевите од петтото коло, а од четврото ќе се одиграат в среда.

Оваа петта рунда го носи соочување на Охрид и Башкими на „Билјанини Извори“, две екипи со силен императив за трите бодови.

Охрид не тргна според посакуваното во новата сезона, по завршувањето на ланската сезона веднаш беше прекината соработката со Александар Толески, а на негово место за нов тренер беше поставен Никола Илиевски – Џиџи.

Јавноста во Охрид беше поделена во однос на разрешувањето на Толески, а и самиот екс тренер излезе тогаш со негово гледиште на настаните.

Но, да се вратиме на новата сезона. На првиот меч Охрид претрпе пораз од ланскиот прволигаш Македонија ЃП со резултат од 2:0. Фаворит беше тимот од Ѓорче, „лавовите“ имаат квалитетен тим, но фокусот веднаш се стави на второто коло и на мечот со Арсими, е тука следуваше потоп откако Арсими со 2:4 го совлада Охрид на „Билјанини Извори“.

Во рамки на 3. коло Охрид гостување во Струмица каде под рефлектори одигра со Беласица само 1:1 и освои бод во дуелот на двете екипи кои во новата сезона немаат триумф.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Од можни девет бодови охриѓани имаат само еден бод на контото и се наоѓаат на претпоследното место на таблата, зад нив е само повратникот Борец кој нема бодови.

Дека црвениот аларм е пред вклучување во Охрид е големиот пораз во Купот на Македонија од прволигашот Беса со резултат од 1:5, иако дека овде Беса е голем фаворит, од друга страна Охрид нема некои амбиции за во Купот.

Пред Охрид утре е мечот со Башкими, каде мора да се стигне до победа и цел „плен“ во секој друг случај ќе биде нов голем неуспех за охриѓани.

Башкими е квалитетно засилен со отворени амбиции за враќање во Првата лига. Второлигашот од Куманово тргна со триумф над Борец во Велес, потоа дома загуби од Македонија ЃП, па го доби Арсими.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Предност за Башкими може да биде што Куп мечот со прволигашот Воска Спорт го игра на 2. октовмри (среда), па екипата е одморена пред мечот со Охрид, освен оние играчи кои беа аматерската репрезентација на Македонија во Србија, во однос на Охрид кој Куп мечот со Беса го одигра на домашен терен изминатата среда.

Башкими оди по трите бодови и силно посакува да се врати со трите бодови во Куманово.

На претходноте две соочувања Башкими беше подобар од Охрид во КУманово со минимални 1:0 на меч одигра на 12. август, а пак на 17. февруари оваа година Башкими со 0:2 славеше над Охрид на „Билјанини Извори“.

Натпреварот меѓу Охрид и Башкими ќе го суди Александар Урошевиќ од Тетово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!