ФудбалЧетврта лига

Се врати клубот со историја и традиција: Корзо од Прилеп по 10 години пауза се враќа во ОФЛ Прилеп!

Сподели
Сподели

Некогаш настапуваше во Втората македонска фудбалска лига, десеттина години не беше активен, а сега се враќа во Општинската фудбалска лига во Прилеп.

Фудбалскиот клуб Корзо пополека се враќа со цели и амбиции да дојде и до Трета лига – Југ. Во новата сезона во Општинската А фудбалска лига во Прилеп, Корзо сериозно ќе конкурира за повисок пласман на табелата, а со тоа и можност да дојде и до пласман во Трета лига – Југ.

Веќе утре започнува новата сезона во Општинската А фудбалска лига во Прилеп со седум екипи, а во рамки на првото коло Корзо ќе се соочи против Стрела 21 во дерби меч.

Управата на Корзо цели кон тоа клубот во иднина да биде во повисок ранг на натпреварување. Претседател на клубот е Ристе Ристески, Мили Ристески е одговорен за групата, Драган Ташкоски е тренер на екипата, а пак Деан Ристески е задолжен во делот со финансии односно спонзорите и потребната опрема за клубот.

Ростерот на екипата е засилен со пет играчи, а најпознат е шпицот Деан Ристески – бонбончето, кој моментално е играч и дел од управата.

Корзо годинава е далеку поквалитетен во однос на ланската сезона кога се врати на фудбалската карта на Македонија, а тоа е потврда дека клубот работи сериозно кон амбициите да се надоградува и да стигне до Трета лига – Југ.

Натпреварот меѓу Стрела 21 и Корзо се игра утре во 10 часот, а главен судија на мечот ќе биде Дарко Камалоски, негови помошници ќе бидат Бојан Попески, а пак втор помошен судија ќе биде Христијан Трајкоски, за делегат е делегиран Јордан Стефаноски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!