Фудбал

Борец со нов тренер по први бодови, Вардарски во Велес сака да остане непоразен!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Борец по поразот во Купот на Македонија од Детонит Плачковица (0:1) се одлучи да направи тренерска промена, на местото на Љупчо Димитковски – Гањо пристигна Даниел Стојановски, кој ќе има доста работа со повратникот во Втората лига.

Борец статистички е најлош, а дали новите играчи и новиот тренер конечно ќе донесат позитивни резултати кај второлигашот од Велес одговорот ќе го имаме денес после 15 часот.

По три одиграни натпревари во Втората лига Борец е едиствен тим кој нема постигнато погодок, сите второлигаши постигнале по најмалку три погодоци, а во Борец засега нема гол.

Од друга страна Ниту одбраната не е на посакуваното ниво, примени седум погодоци, од кои пет само од Победа во Прилеп, а во тие седум еден е автогол.

Пораз и во Купот на Македонија од Детонит Плачковица, иако таму Борец немаше амбиции, но и таму велешани не постигнаа гол.

Пред Борец денес е мечот со повратникот Вардарски, практично ова е дуел на двата нови второлигаши кои лани беа дел од Трета лига – Југ односно Исток и преку баражите стигнаа до Втора лига.

Вардарски е подобар од Борец од можни девет бодови собра два, односно има реми со Скопје (2:2), загуби во дербито на Југот од Кожуф со 1:3, а извлече бод на тешкото гостување во Радовиш кај Детонит Плачковица (1:1).

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Четири постигнати и шест примени погодоци е статистиката за Вардарки со две ремија и еден пораз.

Практично во Велес гледаме дуел за прва победа на двата лански третолигаши, а сега нови второлигаши, а ќе гледаме дуел во кој Борец ќе го бара и првиот гол во новата сезона.

Натпреварот меѓу Борец и Вардарски кој се игра на Градскиот стадион во Велес ќе го суди Владимир Ѓорѓиевски од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!