Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров го декласираше Вардар, Металург Автокоманда „како брз воз ја збриша“ Гевгелија!

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Ѓорче Петров славеше убедлива победа на гостување кај Вардар во дербито на 3. коло од женската ракометна Суперлига со резултат од 35:22.

„Лавиците“ со големото искуство го добија Вардар кој даде се од себе да изненади, но немаше сили против шампионот кој беше одличен на овој меч.

На полувреме резултатот беше 20:15, Вардар во првиот дел на првото полувреме даваше силен отпор, а во вториот дел „лавиците“ само ја зголемуваа разликата и стигнаа до висока победа од 35:22.

Катерина Дамјановска беше најдобра кај Ѓорче Петров со осум погодоци, а пак АНамарија КОларовска имаше шест гола, кај Вардар најдобра беше Леона Миленковска со девет гола.

Метарлуг Автокоманда убедливо го доби тимот на Гевгелија со 52:10 во меч каде домашниот тим кој беше апсолутен фаворит без никакви проблеми како на тренинг меч го збриша составот на Гевгелија, кој имаше сили само за десет погодоци.

Марија Гугуљанова имаше десет погодоци, а по девет постигнаа Борјана Коцева и Јана Ѓошевска, кај Гевгелија шест погодоци постигна Симона Динева.

Овче Поле СУ на домашен терен беше декласиране од Куманово во меч каде гостинот лесно стигна до целиот „плен“ со резултат од 12:33. Јована Ангеловска постигна пет гола за домашниот состав, а пак за Куманово најдобар беше Сара Светановска со девет гола.

Како што информираше Спортска Мрежа натпреварот меѓу Астибо и Стружанка не се одигра, откако Стружанка не допатува во Штип, а тоа значи службена победа за Астибо од 10:0 и службени три бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!