Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Победа Валандово 16 со настан за промовирање на женскиот фудбал „Отворен ден за фудбал“

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Победа Валандово 16 организира настан „Отворен ден за фудбал“ во Валандово, преку кој настан ќе се промовира женскиот фудбал.

Целта преку овој настан е запознавање на девојчињата со фудбалската игра, притоа истите да бидат активни, стекнување на нови вештини, дружење и запознавање нови пријателства, а девојчињта ќе добијат подарок маичка од ЖФК Победа Валандово 16, екипа која се натпреварува во Втората женска фудбалска лига во сениорска конкуренција, како и со младински категории.

„Ги покануваме сите девојчиња без разлика дали тренираат или не да дојдат да го познаат фудбало. Да играме заедно“, велат во поката од ЖФК Победа Валандово 16.

На овој настан гости ќе бидат Гоја Тчеури Харуми од Бразил и Копли Кешлин Џејн од САД, фудбалерки кои настапуваат за прволигашот Тиверија Брера од Струмица.

Настанот ќе се одржува на стадионот „Чешвал“ во Валандово, во понеделник од 16:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!