Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу: Навистина е тежок и исцрпен период за 10 дена четири натпревари!

Сподели
Сподели

Второлигашите се пред сериозен тест со густиот распоред за одигрување на натпреварите, откако оваа среда ги одиграа натпреварите од Купот на Македонија, веќе утре ќе ги одиграат натпреварите од 5. коло, во среда (25. септември) ќе ги одиграат натпреварите од 4. коло, а пак во сабота (28. септември) натпреварите од 6. коло на Втората лига.

Ваквиот густ распроед е сериозен проблем, но и предизвик за второлигашите. Стручните штабови ќе мораат да бидат максимално внимателни, да ротираат со играчи, да чуваат свежина во своите редови со цел да избегнат повреди бидејќи се на старт од сезоната.

Во разговор за Спортска Мрежа, Љабинот Муслиу од стручниот штаб на Арсими ја анализираше оваа ситуација. Екипата на Арсими во средата гостување во Гевгелија во рамки на Купот на Македонија кај Кожуф, утре на домашен терен ќе игра со Новаци, а потоа во среда им следува гостување во Прилеп кај Победа, а пак следната сабота ново далечно гостување во Македонска Каменица кај Каменица Саса.

  • ИЗЈАВА НА ЉАБИНОТ МУСЛИУ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Второлигашите за време на репрезентативната пауза на сениорската А репрезентација требаше да играат, а да одмараат поради настапите на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија, со тоа тие ќе имаа пауза од еден викенд, а вака се собра голема пауза, а сега имаат сериозен притисок да во краток период одиграат многу натпревари, за што голем дел од тренерите и клубовите се сложни во изјавите за Спортска Мрежа и во разговор со нашиот уредник и спортски новинар Александар Ванев.

Останува да видиме како второлигашите ќе го надминат овој период на многу натпревари во краток период и дали тоа ќе им влијае врз самата игра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!