Ракомет

Дербито во Автокоманда заврши без победник

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Денес се одигра дербито на 6. коло во плеј-офот на ракометната Суперлига, помеѓу екипите на Алкалоид и Вардар, во Автокоманда. Истото заврши без победник (26:26), иако момците на Лазаров одиграа одличен натпревар без повредените Ѓорѓиев и Митев, и беа на праг на победа сѐ до самиот крај на мечот.

Првото полувреме беше доста жестоко и рамноправно, се играше гол за гол, а најчесто Алкалоид имаше благо водство. Имаше цврста одбрана со малку погодоци, како и доста расположени голмани- Кизиќ од таборот на Алкалоид и Еспиња кај Вардар.

Во вториот дел, Вардар тргна посконцентрирано и брзо почна да го презема водството, дури и малку се одлепи и со три гола, но домаќините не се предадоа и вратија со една одлична серија на голови, па така некаде на средината на второто полувреме го свртеа резултатот и ја вратија неизвесноста.

Мечот влезе во драматичен финиш, а момците на Лазаров имаа гол разлика на неколку секунди до крајот, меѓутоа тогаш Милан Лазаревски со одличен погодок го донесе ремито за својот тим, па така Вардар освои бод од ова дерби.

Кај Алкалоид, најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со осум погодоци, потоа Мартин Ивановски со пет гола, а кај Вардар, Вуко Борозан се истакна со седум голови, додека пак Милан Лазаревски погоди шест пати.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!