Втора лигаФудбал

Арсими преку Брегалница е пред Прва лига, очекувана победа на Македонија ЃП, Башкими ремизираше со Скопје, Новаци пресилен!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

На три кола до крајот остануваат и три екипи во трка за Прва лига, откако Арсими денес со 2:1 триумфираше над Брегалница во дербито на 27. коло на Втората македоснак фудбалска лига, со што тимот од Чегране е пред портите на Прва лига, пред можноста да испише историја, а пак штипјани остануваат „заковани“ на четвртото место и пред нив ќе биде тешка мисија и за бараж.

Арсими денес одигра одличен натпревар доминираше на теренот во Гостивар, идеални услови за игра, одличен терен. Во првиот дел Арсими имаше многу повеќе шанси и беше поконретен, играше многу подобро и така го отвори резултатот во 38. минута преку Ајрадин Цуцули за 1:0 на полувреме.

Во вториот дел продолжија шансите на Арсими, а свои шанси имаше и Брегалница и во првиот, но и во вториот дел, но фалеше реализација, додека пак Арсими преку Албан Таипи во 57. минута дојде до 2:0. Ваквиот погодок направи фешта на трибините на Градскиот стадион во Гостивар, публиката го славеше голот, радоста беше голема, навивачите уживаа.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | Арсими ја прославува големата победа, Брегалница во неверување за поразот

Брегалница се обидуваше и имаше неколку шанси за гол и да се врати во игра барем за бод, но не успеаваше никако да го совлада Ислами, па така штипјани го намалија резултатот на 2:1, откако по изведен слободен удар, се обиде Малиќ Белули да ја избие топката и ја закова во сопствената мрежа.

До крајот имаше една шанса за Брегалница, но претходно Таипи не реализираше две големи шанси, одлично биеше и штипјанецот Бобан Георгиев кој излезе еден на еден со голманот на Брегалница, Дамјан Серафимов биеше во десната страна со остро ефе, но Серафимов како пантер се оптека и го одбрани шутот.


Арсими упати 14 удари во голот на Брегалница од кои два беа погодоци, со пет удари покрај голот, а пак Брегалница имаше пет удари во голот, а и пет удари надвор од голот, а пак во офсајди беше 2 кај Арсими, а четири кај Брегалница.

Лидерот Македонија ЃП дојде до очекувана победа над веќе отпаднатиот Борец, откако „лавовите“ на Бобан Грнчаров везеа на теренот и стигнаа до уште една победа и тоа 18-та за тимот од Ѓорче со што сега има 60 бодови и се наоѓа на првото место.

Очекувана победа за Македонија ЃП, резултатот беше отворен во 40. минута преку капитенот Јован Попзлатанов за водство од 1:0, а во судиското надополнување на првиот дел Кире Маркоски ја стресе мрежата на тимот од Велес за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел немаше мака за Македонија ЃП, а тимот на Грнчаров преку Крсте Велкоски дојде до конечни 3:0, со што трите бодови останаа во Ѓорче, а Борец и официјално ги спакува куферите и се враќа експресно во Трета лига – Југ.

Башкими на домашен терен киксна откако ремизираше со Скопје играјќи 1:1 со што мораше да ги подели бодовите со тимот од Автокоманда. Трите бодови на Башкими му беа повеќе од потребни во битката за директен влез во Прва лига. Тимот на Баже Јанакиевски ги бараше трите бодови, а во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни.


Во вториот дел Ерион Шуку во 73. минута погоди за 0:1 и водство, но сепак радоста кај гостите траеше кратко, откако Ресуљ Мемети во 79. минута постигна гол за 1:1. До крајот Башкими бараше шанса и позиција да бие кон голот на Скопје за да направи пресврт и да ги обезбеди трите бодови, но сепак мораше на крајот да се задоволи со бод. Поради два жолти картони Христијан Денковски беше исклучен од игра во 91. минута, Скопје го доигра мечот со играч помалку на теренот, но тоа немаше влијание врз резултатот.

Шансите на Башкими за директен влез во Прва лига остануваат и натаму, па сега тимот ќе се фокусира на последните три натпревари со цел да може да триумфира и на тој начин да заврши на една од првите две позиции со цел да има директен влез во Прва лига.

Реми без голови (0:0) на Победа и Осогово. Двете екипи ги поделија бодови на мечот кој се играше во Прилеп, со што прилепчани и математички го обезбедија опстанокот на три кола до крајот, а пак Осогово математички го обезбеди баражот за опстанок.

Новаци го збриша отпишаниот Вардарски со 4:0 на домашен терен, па така тимот на Дарко Крстески сега е во позиција сезоната да ја заврши предмногу екипи кои беа пред Новаци. Мартин Андоновски во 11. минута погоди за 1:0 на полувреме.

На овој натпревар екипата од Богданци допатува со само четири играчи на клупата за резерви. Во вториот дел Бобан Здравевски постигна гол за 2:0, а потоа во финишот два брзи гола на Стефан Јовановски и Стефан Трајчовски за конечни 4:0.


Екипата на Вардарски која после 27 години се врати о Втора лига, експресно се враќа и во Трета лига – Исток и од следната сезона ќе биде одново третолигаш.

Охрид со минимални 1:0 триумфираше над Кожуф на „Билјанини Извори“ со што тимот од Гевгелија ја продлабочи резултатската криза и заборави да победува. Натпреварот го реши Давид Карамачоски, кој погоди во 84. минута за победа со што трите бодови останаа дома.

Главниот судија Сашко Ристов од Струмица имаше доста работа, само кај гостите од Гевгелија подели дури шест жолти картони, а три беа поделени кај домашниот тим.

Дербито на Истокот во Струмица заврши со победа за радовишани, Беласица со 1:2 загуби од екипата на Детонит Плачковица. Голгетерот Дамјан Масевски во 12. минута погоди за 0:1 и го отвори резултатот на „Благој Истатов“. Кире Стојанов на пет минути пред крајот на првиот дел погоди за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме Оливер Христов го реши мечот откако во 66. минута постигна гол за конечни 1:2 со што трите бодови одат на контото на тимот од Радовиш.

Каменица Саса преку пресврт ја наполни мрежата на Вардар Неготино откако триумфираше со 4:2, па така „рударите“ после нешто над два месеци конечно забележаа победа.

Гостинот од Неготино преку Мартин Нејковски го отвори резултатот за 0:1 во 15. минута, а до крајот на првиот дел Саса имаше 3:1 преку двата гола на голгетерот Андреј Симевски и голот на Кристијан Таневски.

Во вториот дел Вардар Неготино преку Димитар Јанкулов намали на 3:2 во 55. минута, а во судиското надополнување Давид Голубов ги постави конечните 4:2.

Како што вчера информираше Спортска Мрежа фудбалерите на Вардар Неготино си ги бараат неисплатените плати, па ќе видиме од понеделник каква разврска ќе има и овој случај и дали тоа ќе се рефлектира на последни три натпревари, иако тимот веќе го обезбеди опстанокот.

Поз. Клуб Промена ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 27 18 6 3 46 8 +38 60
2 ФК АРЕСИМИ-1973 27 18 4 5 47 22 +25 58
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 27 17 6 4 46 19 +27 57
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 27 15 7 5 36 22 +14 52
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 27 12 6 9 33 32 +1 42
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 27 9 13 5 33 23 +10 40
7 ФК БЕЛАСИЦА АД 27 10 9 8 34 28 +6 39
8 ФК КАМЕНИЦА САСА 27 10 6 11 41 40 +1 36
9 ФК СКОПЈЕ АД 27 8 11 8 29 26 +3 35
10 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 27 7 12 8 24 23 +1 33
11 ЗФК НОВАЦИ 2005 27 8 8 11 27 29 -2 32
12 ФК ПОБЕДА АД 27 8 7 12 25 30 -5 31
13 ГФК ВАРДАР Неготино 27 9 3 15 31 47 -16 30
14 ГФК ОСОГОВО 27 5 8 14 23 43 -20 23
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 27 3 4 20 15 48 -33 13
16 ФК ВАРДАРСКИ 27 3 2 22 20 70 -50 11


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Селекторот Газменд Хисејини: Имаме големи шанси за пласман во главната фаза

Македонската футсал репрезентација на успешен начин ги отвори подготовките за квалификациите за Светското првенство, откако во два контролни натпревари одиграни во Гевгелија забележа...

Прва лигаФудбал

Вардар потпиша професионален тригодишен договор со фудбалскиот бисер Андреј Цветковски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да инвестира во иднината и да им дава шанса на младите таленти кои се сметаат за иднината...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар потпиша професионален тригодишен договор со фудбалскиот бисер Андреј Цветковски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да инвестира во иднината и да...

Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново закажана „генералка“ против Тетекс

Второлигашите Шкендија Арачиново и Тетекс во сабота ќе ја имаат својата „генералка“...

Втора лигаФудбал

„Генералка“ на Вардар Неготино и Брегалница на популарната „Цвај арена“

На популарната „Цвај арена“ ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар Неготино...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!