Ракомет

Струга го изненади Пролет во битката за избегнување на баражот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Струга направи изненадување откако на домашен терен го победи Пролет со 22:20 во ракометниот плеј-аут.

Стружани имаа одличен почеток откако на почеток од мечот имаа предност од плус пет при 6:1, но и покрај тоа не успеаја да го одржат резултатот и дозволија пресврт, па на полувреме резултатот гласеше 9:10 за Пролет.

Во вториот дел се играше гол за гол, а Струга имаше и плус три при 17:14, а потоа и при 20:17 и 22:19, а конечниот исход беше 22:20.

Од таборот на Струга најмногу погодија Лазар Ристиќ, кој имаше седум гола и Александар Стојков кој имапе шест реализации, кај Пролет најпрецизен беше Андреј Стојановски со пет погодоци.

Директно испаѓање од лигата нема да има бидејќи Борец ФЛ го исфрлија од натпреварување, па така битката ќе биде да се избегне претпоследното место кое води кон баражот.

Утре, Радовиш во СРЦ „25 Мај“ ќе игра против Куманово и ќе бара победа со цел да се израмни со Струга, а Куманово сигурно дека ќе сака победа против Радовиш во гости со цел да може да биде сигурен со 11 бодови.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!