Ракомет

Стартува Првата ракометна лига: Астраион против Металург РА, Македонија ЃП со Младост од Богданци

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Првата ракометна лига на Македонија со натпреварите од првото коло.

Иако требаше да настапуваат 18 екипи, сепак во новата сезона учество ќе земаат 17 екипи. Пред стартот на првото коло екипата на Борец која беше шампион во ракометната елита на Македонија во далечната 1995 година згасна и нема да се натпреварува, па тоа значи дека во групата А наместо 9 екипи ќе настапуваат осум.

Дополнителен проблем ќе биде тоа што наместо една слободна екипа, во секое коло ќе има по две слободни екипи, бидејќи Борец учествуваше во ждрепката се комплетираше распоредот, а потоа велешката ракометна гордост за откажа од натпреварување.

Колку за потсетување во рамки на групата А ќе се натпреваруваат екипите на Астраион, Јехона, Аеродром, Еурофарм Пелистер 2, Кичево, Металург РА, Мулти Есенс, Овче Поле.

Во првото коло од новата сезона утре Аеродром ќе се соочи со Овче Поле на домашен терен, Јехона ќе игра со Мулти Есенс, а пак Астраион ќе игра со Металург Ра.

Во првото коло слободни ќе бидат екипите на ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 и Кичево.

Во групата Б ќе се натпреваруваат екипите на Вардар Неготино, Драчево, Македонија ЃП, Младост од Богданци, Партизан, Скопје, Текстилец, Шампион и Преспа Вардар.

Во првото воведно коло Шампион дома ќе игра со Партизан, Преспа Вардар во Ресен ќе го пречека тимот на Драчево, Македонија ЃП ќе игра дерби на домашен терен со Младост од Богданци, а пак ланскиот суперлигаш Вардар ќе игра со Текстилец, во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Скопје.

Сите натпревари се играат во недела, освен мечот меѓу Аеродром и Овче Поле кој се игра утре.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!