Футсал

На 5. октомври започнува новата сезона во Првата футсал лига на Македонија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Новата сезона во Првата футсал лига на Македонија ќе започне на 5. октовмри. Шампионот Форца одбраната на титулата ја започнува против Железарец на домашен терен, Осогово во Крива Паланка ќе го пречека Кеги Моби, повратникот Јувентус Серава ќе игра против Шкупи, Црна Река ќе го пречека повраникот Проект, а пак Бутел ќе игра против Клими.

Во новата сезона како и во претходната настапуваат 10 екипи, првопласираната екипа обезбедува излез во Европа, односно игра во квалификациите на Лигата на шампионите.

Двете последнопласирани екипи директно испаѓаат во Втората футсал лига на Македонија.

Во новата сезона ќе се игра по двокружен систем односно ќе бидат одиграни 18 кола, во есенскиот дел девет кола, во пролетниот дел девет кола.

Есенската полусезона според календарот за новата сезона треба да заврши на 8. декември.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!