Турнири

ФК Јанг Тим од Струга против Ливерпул, Бенфика, Монако, Марсеј… на „Brussels Cup 2025“

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Јанг Тим од Струга од петок до понеделник ќе учествува на еден од најсилниот турнири во Европа, се работи за „Brussels Cup 2025“ со генерација 2015 и 2016.

Стружани ќе одиграат над 20 натпревари во овие четири дена со двете генерации, а ќе се соочат со едни од најголемите фудбалски гиганти во Европа.

Јанг Тим оди на мегдан со Ливеруп, Бенфика, Олимпик Марсеј, Андерлехт, Монако, Сент Етјен, Антверпен, но и други европски гиганти.

Младите фудбалери на ФК Јанг Тим од Струга ќе имаат можност од блиску да ја осетат магијата, но и атмосферата на едно такво натпреварување, против големи европски гиганти, а тоа ќе биде огромно искуство за нив во градењето на нивните кариера.

ФК Јанг Тим важи за една од најдобро организираните фудбалски школи во Македонија, која редовно учествува на силни европски турнири, редовно настапува против големи фудбалски европски гиганти, а секако и нижи големи успеси.


Дополнително, ФК Јанг Тим негува одлична соработка со големи фудбалски гиганти што е уште една потврда за тоа дека работата на Јанг Тим се препознава низ цела Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!