Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ништо не е готово, секоја победа не носи поблиску до целта!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен дуел против Кипар, втор во рамките на втората фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. По победите над Австрија на стартот од циклусот, Македонија и Кипар влегуваат во меѓусебниот дуел со дополнителен мотив, свесни дека секој триумф може да биде од големо значење во борбата за пласман во следната рунда.

Селекторот Жозеп Марија Берокал е свесен за важноста на натпреварот и од своите избраници бара максимална сериозност, дисциплина и концентрација. Шпанскиот стратег потенцира дека нема простор за опуштање, особено против селекција која заслужува респект и која може да биде сериозен предизвик.

Целта е јасна – нова победа која ќе ја приближи Македонија до посакуваниот пласман во следната фаза, но патот до неа бара максимален пристап, одговорност и исполнување на сите задачи на теренот.

„Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нè носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Го анализираме тимот, опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите кои имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира ростерот со Димитријевиќ и Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сè од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, а тоа е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар“, истакна Берокал.

Селекторот се осврна и на предизвиците во работата со националниот тим, потенцирајќи дека неговата обврска е да го извлече максимумот од играчите кои му се на располагање.

„Мора да се адаптирам како тренер на сите играчи и да си ја вршам работата со оние што ги имам на располагање. Сега ги имам играчите кои ги имам и мора да се приспособиме на тоа. Лично, само си ја работам работата и го давам најдоброто од себе за да имаме резултат. Можам само да ветам максимална професионалност од сите што се дел од националниот тим, почнувајќи од мене“, порача селекторот на Македонија.

Говорејќи за противникот, Берокал издвојува неколку квалитети на кипарската селекција, особено разновидноста во играта и можноста на кошаркарите да покриваат повеќе позиции.

„Кипар е добар тим, има шутери, играчи кои можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен ростер, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим“, заклучи Берокал.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ништо не е готово, секоја победа не носи поблиску до целта!

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен дуел против Кипар, втор во рамките на втората фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. По...

Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид. Битолчани во пресметката влегуваат со дополнителна самодоверба...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 и Црна Гора без голови на првата контролна средба

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Србија на првиот контролен дуел

Во првиот од двата контролни натпревари, македонската репрезентација до 15 години претрпе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!