Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството.
Се работи за фудбалска академија основана во 2011 година, академија која е производ на големи фудбалски таленти, со големи успеси зад себе, освоени турнири и домашни првенства.
Конкуренцијата која Олти ја носи на Ohrid Winter Cup е силна, клубот од Косово редовно учество на силни меѓународни турнири каде секогаш е при самиот врв, а сега ќе има предизвик да го освои и Ohrid Winter Cup.