РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Србија на првиот контролен дуел

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во првиот од двата контролни натпревари, македонската репрезентација до 15 години претрпе пораз од Србија со 3:1.

Гостинската селекција беше подобра во првото полувреме, во кое успеа да ја наметне својата игра и да постигне три гола, со што направи значителна предност.

Србија го отвори резултатот во 11. минута преку Матеја Молдовановиќ. Во 23. минута Македонија имаше обид да се закани, откако Афан Јонузи шутираше од десетина метри, од коса позиција, но топката заврши над голот на Душан Звеглиќ.

Во 33-тата минута Новак Туфекџиќ зголеми на 2:0, а на четири минути пред крајот на првиот дел Филип Аврамовиќ по трет пат го совлада нашиот голман.

Во второто полувреме избраниците на селекторот Горан Георгиевски играа многу подобро, а во 68-та минута преку Марко Мартиновски пропушти шанса да го постигне првиот погодок за Македонија на овој дуел.

Само три минути подоцна беше досуден пенал кој во гол го претвори Габриел Фударски Митев и ги постави конечните 3:1.

Вториот натпревар двете репрезентации ќе го одиграат в четврток на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски, а почетокот е закажан за 13 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер го урна непоразениот Гдањск – Битола повторно слави европска победа!

Еурофарм Пелистер ја запиша можеби најважната победа во досегашниот тек од групната фаза на Лигата на Европа. Пред полните трибини во „Боро Чурлевски“,...

Кошарка

Мијатовиќ го одработи првиот тренинг, новата ера на МЗТ официјално започна

Со денешниот тренинг и официјално започна новата ера во стручниот штаб, предводена од Дејан Мијатовиќ, кој неодамна му се приклучи на клубот заедно...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 и Црна Гора без голови на првата контролна средба

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал со проблеми пред дуелот со Кипар, Магдевски и Јакимовски се враќаат, Робев доби повик

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!