Втора лигаФудбал

Брегалница ослабена оди кај Борец, Вардарски без Бејков – 10 фудбалери поради жолти картони го пропуштаат 25. коло на ВМФЛ

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварите од 25. коло на Втората лига наместо во сабота (19 април), поради велигденските празници ќе се одиграат во понеделник (21 април), а истото коло ќе го пропуштат десет фудбалери поради акумулирани пет жолти картони, а тоа значи автоматски дека следниот меч фудбалерите го пропуштаат.

Десет фудбалери од шест клубови нема да го одиграат 25. коло. Башкими за мечот со Вардарски ќе биде ослабен за двајца фудбалер се работи за Ардит Демири и Самет Реџепи, Вардар Неготино против Новаци ќе биде послаб за Петар Најдов и Никола Павлески.

Охрид нема да може да смета на Виктор Наумовски и Стефан Џајкоски за натпреварот со Осогово, а пак Брегалница е послаба за Иван Глигоров и Лука Георгиев за мечот со Борец.

Вардарски против Башкими нема да може да смета на столбот во одбраната, тоа е Христијан Бејков, а пак Каменица Саса ќе гостува во Прилеп кај Победа, но нема да смета на Кристијан Чурлинов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!