Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар без проблеми беше убедлив во Македонски Брод, конечно радост за Борец

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд беа одиграни натпреварите од 12. коло на Втората женска фудбалска лига.

Вардар предводен од Теодора Димитровска дојде до нова и сигурна победа од 0:4 над Порече во Македонска брод, откако резултатот беше отворен брзо.

Во 12. минута резултатот беше 0:1 со голот на Миа Закев, а веќе во 16. минута Мирјана Ѓеровска погоди за 0:2 на полувреме. Во вториот дел од мечот Елена Костадиноска беше прецизна за 0:3, а пак искусната Теодора Јанковска во 80. минута ги постави конечните 0:4.

Борец се израдува конечно на триумф откако на домашен терен со 4:0 ја доби Плачковица од Радовиш. Мери Трајковска беше стрелец на два брзи гола за 2:0 на полувреме, откако во 4. минута го отвори резултатот, а во 12. минута постигна втор гол.


Во второто полувреме Александра Пешова постигна гол за 3:0, а во 67. минута Весна Милојевиќ беше сигурна за 4:0.Билјанини Извори на гостување кај Победа Валандово забележа победа од 0:5, а меч кој беше решен во вториот дел. По првите 45 минути гостинот од Охрид имаше минимална предност од 0:1 со голот на Марија Јулчовска.

Во второто полувреме Јуловска постигна втор гол за 0:2, а потоа Стефанија Ристова во 55. минута беше прецизна за 0:3. Седум минути подоцна Ева Андонова постигна гол за 0:4, а во 72. минута Викторија Стојаноска ги постави конечните 0:5.


Претходно, како што информираше Спортска Мрежа лидерот Кочани со 0:5 го доби дебитантот Слободен, извештајот за овој натпревар е достапен овде.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК КОЧАНИ 12 11 1 0 90 8 +82 34
2 ЖФК Вардар 2023 12 10 1 1 78 7 +71 31
3 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 12 9 1 2 65 13 +52 28
4 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 12 5 1 6 23 31 -8 16
5 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 12 4 1 7 26 31 -5 13
6 ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО 16 12 1 3 8 8 71 -63 6
7 ЖФК БОРЕЦ(-3) 12 2 1 9 13 82 -69 4
8 ФК Слободен/ЖФК 12 0 3 9 5 65 -60 3

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!