Втора женска фудбалска лигаФудбал

Лесна и убедлива победа за лидерот Кочани против Слободен, хет-трик за Салихи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица - Кочани | АРХИВА
Сподели

Лидерот во Втората женска фудбалска лига, екипата на Кочани со убедливи 0:5 славеше против дебитантот Слободен на гостински терен во рамки на 12. коло.

Разликата во квалитет е голема и повеќе од сигурно беше дека Кочани ќе триумфира, но во секој случај за младиот тим на Слободен кој по првпат се натпреварува во сениорска конкуренција односно во ВЖФЛ е одличен резултатот против тим каков што е Кочани.

Ангела Стојковска постигна гол во 8. минута за отварање на резултатот, а потоа поранешната репрезентативка Афродита Салихи постигна да брзи гола во четири минути односно во 32. минута за 0:2, а во 36. минута за 0:3 на полувреме.

Во вториот дел Салихи постигна уште еден гол за 0:4 во 51. минута, а конечните 0:5 ги постави Симона Веселинова во 57. минута.

Колото ќе се комплетира денес. Во Велес соочување на Борец и Плачковица, во Македонски Брод домаќинот Порече ќе игра со Вардар, а пак Победа Валандово дома ќе игра со Билјанини Извори.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!