ФудбалФутсал

ФОТО: Проект со победа од 9 гола го испрати Железарец во Втората футсал лига!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Во Гевгелија беше комплетирано 15. коло на Првата футсал лига, откако Проект забележа убедлива победа како фаворит од 9:0 над Железарец, со што некогашниот шампион на Македонија, екипата која играше и во Лигата на шампионите ќе испадне во Втората футсал лига.

На мечот во Гевгелија во првиот дел беа постигнати пет погодоци, а во вториот уште четири за конечните 9:0 и висока победа за Проект, со што тимот од Валандово сега е на второто место во Првата футсал лига.

Двојни стрелци беа Ѓорги Коцевски, Трајче Димитриев и Тодор Андонов, а по еден гол постигнаа Горан Стојанов, Мирко Соколов и Кристијан Гавровски.

ФОТО: КМФ Проект

Извештајот за останатите натпревари можете да го прочитате овде.

Шампионот Форца ја одбрани титулата низ доминантна сезона и освојува втора титула во низа и одново ќе игра во Европа.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА НА ТРИ КОЛА ДО КРАЈОТ ОД ШАМПИОНАТОТ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 15 14 0 1 101 43 +58 42
2 КМФ ПРОЕКТ 15 8 2 5 55 35 +20 26
3 КМФ КЛИМИ Кавадарци 15 7 3 5 67 50 +17 24
4 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 15 7 0 8 62 58 +4 21
5 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 15 6 3 6 57 55 +2 21
6 КМФ БУТЕЛ 2022 15 5 3 7 55 53 +2 18
7 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 15 5 3 7 54 67 -13 18
8 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА(-3) 15 6 2 7 57 68 -11 17
9 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 15 5 2 8 50 76 -26 17
10 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 15 3 0 12 27 80 -53 9
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!