Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

Сите натпревари во македонскиот фудбал ќе започнат со минута молк, поради големата трагедија во Кочани

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Закажани се натпреварите од Првата, Втората, но и Третата македонска фудбалска лига, а сите натпреври во македонскиот фудбал ќе започнат со минута молк, за да им се оддаде почит на жртвите и на семејствата од големата трагедија во Кочани.

Натпреварите од одложеното 21. коло на Втората лига ќе се играат веќе в понеделник, мечевите од 25. коло на Првата лига ќе се играат во два дена, односно мечот меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра во сабота (29. март), а сите останати во понеделник (31. март).

Закажани се и натпреварите од Третата македонска фудбалска лига, во текот на утрешниот ден ќе направиме најава на сите натпревари од петте региони на Трета лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Од четири порази до три победи: Штип ја продолжи серијата со 103 поени против Скопје

ГКК Штип ја забележа третата последователна победа во МТЕЛ Суперлигата, совладувајќи го Скопје 2023 со 103:94 пред домашната публика на 15 ноември. Штипјани,...

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!