Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Сподели
Сподели



Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна приказната на ФК Огражден од Ново Село, клуб кој за само една година од шампион во Општинската фудбалска лига – Струмица стигна до третото место во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3, со само еден бод помалку од лидерот Победа од Валандово.

Фудбалскиот клуб Огражден е вистинско освежување во третолигашката конкуренција. Екипата која минатата сезона се натпреваруваше во Општинската лига во Струмица, а во која фудбалерите настапуваат волонтерски, денес е меѓу најуспешните тимови во својот регион.

Минатата сезона Огражден ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Струмица и обезбеди пласман во повисок ранг. Во дебитантската сезона во Трета лига – Регион 3, клубот влезе со скромна цел – да обезбеди опстанок и да го задржи третолигашкиот статус.

Но, фудбалерите од Ново Село покажаа дека можат многу повеќе!

Десет натпревари, 19 бодови и само еден бод зад лидерот!

Огражден го заврши есенскиот дел од сезоната на третото место со 19 освоени бодови, остварени преку шест победи, едно реми и три порази.

На десетте одиграни натпревари екипата постигна 11 погодоци, а прими десет, со гол-разлика од плус еден.



Особено импресивен беше почетокот на сезоната. По првите пет кола, Огражден се наоѓаше на врвот од табелата, без ниту еден примен погодок!

Тоа беше најава дека новиот третолигаш нема да има споредна улога во првенството.

Сепак, во продолжението следуваше тежок период. Дури шест до седум стандардни првотимци се соочија со повреди, поради што стручниот штаб на повеќе натпревари располагаше со само една или две резерви.

И покрај кадровските проблеми, екипата успеа да остане во самиот врв на табелата.

Со 19 бодови, Огражден е само еден бод зад водечката Победа Валандово, што дополнително ја потврдува успешната дебитантска полусезона на клубот од Ново Село.

Огражден воедно е и најуспешниот дебитант меѓу третолигашите во сите шест региони на Третата македонска фудбалска лига.

Од 0:2 до 3:2 во Делчево – пресврт за крај на есенската полусезона!

Колку карактер има оваа екипа најдобро покажа последниот есенски натпревар, одигран на гостински терен во Делчево.

Огражден се најде во незавидна ситуација, со негатива од два погодоци (0:2), но фудбалерите од Ново Село не се предадоа.

Со голема борбеност и желба за победа успеаја целосно да го свртат резултатот и да слават со 3:2, освојувајќи три исклучително важни бодови.

Токму овој пресврт претставува најдобра слика за тимот кој, и покрај повредите и ограничениот играчки кадар, не се откажа од борбата за висок пласман.

Без плати, но со огромно срце за клубот и Ново Село

Она што ја прави приказната на Огражден посебна не се само резултатите, туку и начинот на кој функционира клубот.

Фудбалерите настапуваат без плати, мотивирани од љубовта кон фудбалот, клубот и местото од кое доаѓаат.



Од екипа која минатата сезона се бореше за првото место во Општинската лига, Огражден за кратко време прерасна во сериозен конкурент и во повисокиот натпреварувачки ранг.

Клубот преку своето обраќање упати благодарност до фудбалерите, тренерите и волонтерите за вложениот труд, пожртвуваноста и постигнатите резултати, со посебни желби за брзо закрепнување на повредените играчи.

Напролет Огражден ќе го нападне врвот!

Иако првичната цел беше опстанок во лигата, одличните резултати ги зголемија амбициите на клубот.

Со само еден бод заостанување зад лидерот Победа Валандово, Огражден има добра почетна позиција за продолжението од сезоната.

Во клубот се надеваат дека во пролетниот дел ќе располагаат со комплетен играчки кадар, што би им овозможило уште посилно да се вклучат во борбата за највисоките позиции.

Од фудбалери волонтери до третопласирана екипа во Трета лига, од скромна цел за опстанок до борба за самиот врв – Огражден од Ново Село покажува дека фудбалските успеси не се мерат само со пари, туку и со посветеност, заедништво и љубов кон клубот.

Приказната на Огражден продолжува напролет, а фудбалерите од Ново Село веќе имаат причина да бидат горди на сработеното во својата прва третолигашка полусезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија се одигра локално дерби во радовишко – Готен и Слога ги поделија бодовите во Подареш!

По речиси една деценија пауза, радовишкиот фудбал повторно доби локално дерби! На...

Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!