Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Сподели
FOTO: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген (31-31). Нашиот чувар на мрежата беше еден од најзабележителните поединци на средбата, со десет успешни интервенции, а неговиот учинок беше дополнет и со еден постигнат погодок.

Битигхајм беше на чекор до голем триумф, откако во најголемиот дел од натпреварот ја имаше резултатската контрола. Сепак, домашниот состав не се предаде и во самата завршница успеа да ја надомести негативата од два гола и да извлече реми. Гостите имаа можност да заминат со целиот плен, но неколкуте пропусти во нападот во решавачките моменти им ја одзедоа победата.

Томовски, сепак, имаше причина за задоволство од личниот настап. Со десет одбрани и гол во противничката мрежа, македонскиот голман уште еднаш покажа колку може да биде важен фактор за својот тим. Максим Орлов со седум погодоци беше најефикасен кај Битигхајм, додека Рејнир Тор Стефансон се истакна кај Мелсунген со девет гола.

Освоениот бод има значење за Битигхајм во продолжението од сезоната, особено во борбата за опстанок во елитното германско натпреварување. А за македонската ракометна јавност, охрабрува и одличната партија на Томовски на една од најсилните сцени во европскиот клупски ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!