КупФудбал

КУП: Грујоски ќе суди во Радовиш, Трпчевски на Струга Трим Лум и Гостивар

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија, а познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите.

Во четвртфиналето ќе се соочат двата второлигаши Детонит Плачковица и Арсими, кои за првпат играат четвртфинале во Купот, како и прволигашите Силекс, Вардар, Струга Трим Лум, Гостивар, Шкендија и Брера Струмица.

Во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Шкендија, каде главен судија ќе биде Александар Грујоски, Стојанче Трпчевски пак ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар.

Брера Струмица на домашен терен ќе игра против Арсими, а делител на правдата ќе биде Стојанче Стојанов, Фуркан Идризи ќе им суди на Вардар и Силекс.

Сите натпревари од четвртфиналето на Купот на Македонија ќе започнат во 14 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА:

Струга Трим Лум – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Детонит Плачковица – Шкендија, Александар Грујоски (Кичево)

Брера Струмица – Арсими, Стојанче Стојанов (Штип)

Вардар – Силекс, Фуркан Идризи (Тетово).

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!