Втора женска фудбалска лигаФудбал

Старт на пролетниот дел во Втората женска фудбалска лига: Кочани прв фаворит, Вардар и Билјанини Извори во трка за баражот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд започнува пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, а во рамки на осмото коло или првата пролетна рунда, екипата на Плачковица на домашен терен ќе игра против Вардар, во меч каде гостинскиот тим ќе ја има улогата на фаворит.

Вардар е втор на табелата и ќе води борба за сочувување на второто место со цел да го повтори ланскиот успех и одново да игра во баражот за можен влез во Првата женска фудбалска лига, откако минатата сезона убедливо загуби во баражот од прволигашот Топ Гол од Битола.

Есенскиот шампион Кочани на домашен терен ќе се соочи со Билјанини Извори. Кочани е прв фаворит за потврда на првото место и со тоа да се врати по неколку години во Првата лига, а пак Билјанини Извори е значително засилен, каде ќе води борба со Вардар за второто место и за баражот преку кој охридскиот тим ќе се бори за враќање во Првата лига.

Во Велес соочување на „фенеријата“ Борец кој има минус два бодови, откако три бода му беа одземени, а сега ќе игра против Победа Валандово, каде тимот од Валандово ќе биде фаворит против велешкиот тим за второ сезонско славје.

Во Македонски Брод ќе се соочат Порече и дебитантот Слободен, каде домаќинот ќе ја бара третата сезонска победа и да го напаѓа четвртото место каде што е радовишка Плачковица, а пак Слободен ќе ја бара првата исторски победа како второлигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!