Втора лигаФудбал

Крстев: Задоволни сме од освоениот бод во Автокоманда, тоа ни е мотив за собирање на бодови за опстанок!

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Осогово на тешкото гостување во Автокоманда успеа да извлече бод откако одигра 0:0 против Скопје и со тоа освои голем бод во тешката мисија за опстанок во Втора лига.

„Жетварите“ водат голема борба за опстанок, а шефот на стручниот штаб на тимот од Кочани, Крсте Крстев вели дека се задоволни од освоениот бод, додова дека тоа ќе им биде мотив за освојување на уште бодови за опстанок.

„Како прво, благодарност до домаќините за коректниот однос од почеток до крај. Од освоениот бод, секако дека сме задоволни сите и очекуваме да ни биде мотив за освојување уште бодови, за да успееме во целта наречена опстанок“, вели Крстев.

Осогово во првите две кола од пролетниот дел гостуваше, па практично првиот пролетен меч ќе го одигра овој викенд на домашен терен против Кожуф, каде тимот на Крстев гледа само една цел, триумф против тимот од Гевгелија, во секој друг случај Осогово ќе направи чекор назад за опстанок во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!